top of page
Murder in Room 412
CASE FILE:
Играчи
1-6 лица
Траење
2-4 часа
Возраст
16+ години
Ниво
Тешко
Хотелот „Аристон“ крие повеќе прашања отколку одговори.
Брза достава
Персонализирани беџови
По смртта на гостин во соба 412, истрагата открива низа необични докази, противречни изјави и детали што не се вклопуваат. Она што на почеток изгледа како изолиран случај постепено почнува да открива нешто многу поголемо.
Како истражители, ваша задача е да ги анализирате документите, да ги поврзете трагите и да откриете што навистина се случило.
Што содржи секоја игра
Полициско досие исполнето со докази, извештаи и скриени траги
Детективски бележник за вашите теории
Кеси со докази што ќе ги анализирате како вистински детективи
2 персонализирани детективски беџови
Детективска табла за поврзување на сите траги
Дигитални докази достапни со лозинка за уште подлабока истрага
Секоја кутија доаѓа со персонализирана картичка, внимателно врзана со украсна лента — совршена и како за подарок.
Што велат нашите играчи
„Многу ретко нешто кај нас да биде вака креативно направено. “
Давид К.
„Предобра идеја за дејт најт искрено. Мистеријата беше прејака, а крајот не го погодивме воопшто."
Сара Л.
"Ние ја игравме со друштво и буквално два саати зборевме после тоа кој што пропуштил. Прејако. "
Димитар Р.
Доживување што нема да го заборавите
Идеално за дружби, date nights или семејни предизвици, ова искуство ве внесува во свет на мистерии каде што секој детал има значење. Решавајте траги, дискутирајте теории и заедно обидете се да ја составите целата приказна.
bottom of page


