


The Holloway Killings
CASE FILE:
Играчи
1-6 лица
Траење
2-4 часа
Возраст
16+ години
Ниво
Тешко
Страв владее низ градот. Четири жртви. Еден преживеан. И сериски убиец кој сè уште е на слобода.
Брза достава
Персонализирани беџови
Градот е потресен од низа брутални убиства што се случуваат без јасен мотив или образец. Секоја трага води во различна насока, секое досие открива нов дел од мистеријата, но ништо не се вклопува целосно.
Како детективи, ваша задача е да ги поврзете сите фрагменти пред да се појави нова жртва. Во оваа истрага, никому не може да му се верува, а вистината е скриена многу подлабоко отколку што изгледа.
Што содржи секоја игра
Полициско досие исполнето со докази, извештаи и скриени траги
Детективски бележник за вашите теории
Кеси со докази што ќе ги анализирате како вистински детективи
2 персонализирани детективски беџови
Детективска табла за поврзување на сите траги
Дигитални докази достапни со лозинка за уште подлабока истрага
Секоја кутија доаѓа со персонализирана картичка, внимателно врзана со украсна лента — совршена и како за подарок.

Доживување што нема да го заборавите
Идеално за дружби, date nights или семејни предизвици, ова искуство ве внесува во свет на мистерии каде што секој детал има значење. Решавајте траги, дискутирајте теории и заедно обидете се да ја составите целата приказна.
Што велат нашите играчи
„Многу ретко нешто кај нас да биде вака креативно направено.“
Давид К.
„Предобра идеја за дејт најт искрено. Мистеријата беше прејака, а крајот не го погодивме воопшто."
Сара Л.
"Ние ја игравме со друштво и буквално два саати зборевме после тоа кој што пропуштил. Прејако. "
Димитар Р.



