

The Lost Promise
CASE FILE:
Играчи
1-2 лица
Траење
2-4 часа
Возраст
16+ години
Ниво
Тешко
Најромантичната вечер требаше да заврши со совршено запросување… но вереничкиот прстен мистериозно исчезнува токму на Valentine’s Day.
Брза достава
Персонализирани беџови
Наместо љубовна приказна, вечерта се претвора во хаос исполнет со сомнежи, тајни и неочекувани пресврти.
Сите гости се потенцијални осомничени. Некој крие љубомора, некој стара расправија, а некој можеби знае повеќе отколку што признава. Додека тензијата расте, ваша задача е да ги следите трагите, да ги анализирате доказите и да откриете кој го украл прстенот — и зошто.
Во оваа романтична мистерија, ништо не е толку невино како што изгледа, а вистината може да ја уништи вечерта засекогаш.
Што содржи секоја игра
Полициско досие исполнето со докази, извештаи и скриени траги
Детективски бележник за вашите теории
Кеси со докази што ќе ги анализирате како вистински детективи
2 персонализирани детективски беџови
Детективска табла за поврзување на сите траги
Дигитални докази достапни со лозинка за уште подлабока истрага
Секоја кутија доаѓа со персонализирана картичка, внимателно врзана со украсна лента — совршена и како за подарок.
Што велат нашите играчи
„Многу ретко нешто кај нас да биде вака креативно направено.“
Давид К.
„Предобра идеја за date night искрено. Мистеријата беше прејака, а крајот не го погодивме воопшто."
Сара Л.
"Ние ја игравме со друштво и буквално 2 саати зборевме после тоа кој што пропуштил. Прејако. "
Димитар Р.

Доживување што нема да го заборавите
Идеално за дружби, date nights или семејни предизвици, ова искуство ве внесува во свет на мистерии каде што секој детал има значење. Решавајте траги, дискутирајте теории и заедно обидете се да ја составите целата приказна.


